Почитувани членови, наши партнери,
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно ја оцени апликацијата на Пакомак за продолжување на дозволата за работа за постапување со отпад од пакување доставен од страна на компанијата и на 12 ноември 2015 година и официјално ја продолжи дозволата на ПАКОМАК за следните пет години. Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години, пред сѐ на инвестициите во инфраструктурата (контејнери и канти за собирање на отпад од пакување) како и на бројните едукативни кампањи за подигнување на јавната свест на населението. Во моментов, Пакомак има склучено договори со компаниите коишто создаваат 47% од вкупниот отпад од пакување во нашата држава, има договори со 34 општини од Република Северна Македонија за организирано одделно собирање на отпадот од пакување покривајки над 75% од населението со контејнери и канти за селективно собирање амбалажен отпад. Пакомак е единствена компанија од Република Северна Македонија приклучена на интернационалната мрежа за управување со отпад од пакување на EXPRA и ProEurope и ја има лиценцата за употреба на симболот “Green Dot”. Пакомак изминативе години има добиено четири национални награди за општествено-одговорни практики од Министерството за економија на РСМ, а ја доби и наградата за квалитетна компанија од Сојузот на стопански комори на РСМ која што беше врачена лично од Претседателот на РСМ.
Во досегашново деветгодишно работење, преку системот на Пакомак се собраа и преработија вкупно над 144.375 тони амбалажен отпад, којшто се состои од: хартија, пластика, стакло (кое досега никој не го собираше, ниту локалните компании имаат капацитет за рециклирање), како и композит, метал и дрво. Националните цели за собран и рециклиран отпад од пакување од година во година прогресивно се зголемуваат што неминовно се рефлектира и во зголемување на цените на надоместоците што треба да се плаќаат во Пакомак, кои што сепак се најниските оправдани цени. Само така може успешно да функционира целииот систем на управување со отпад од пакување.
Срдечен поздрав,
Ико Брдароски
Менаџер за грижа на корисници