ЗАЧЛЕНУВАЊЕ
Сакате да знаете како се станува член на Пакомак? Навистина едноставно!
Вашата компанија може да биде член на Пакомак доколку годишно на домашниот пазар пушта повеќе од:
- 800 кг стаклена амбалажа
- 300 кг хартија или картон
- 100 кг друг тип амбалажа за пакување
Член се станува со потпишување договор за пристапување кон системот за управување со отпадот од пакување на Пакомак.
За повеќе информации јавете се на (02) 20 44 567 или контактирајте нè на:
ПРЕДНОСТИ
Искористете ги предностите што ви ги нуди членството во Пакомак и добијте:
-
Целосно менаџирање на Вашиот амбалажен отпад
Како наш клиент, Пакомак ќе Ви организира систем за собирање, рециклирање и енергетско искористување на амбалажниот отпад, не оставајќи Ви никакви обврски на Вас. -
Најповолни цени за менаџирање на Вашиот отпад
Како колективен постапувач со отпад, Пакомак претставува економски најисплатлива опција за Вашата компанија, со надоместок неколку пати помал од државниот надоместок.
Пр. Надоместокот од 320 евра/т за пластика што треба да и се плати на државата кај нас изнесува само 26,10 евра/тон! -
Исполнување на законските обврски
Согласно со чл. 20 став 5 од Законот, Вие плаќате надоместок кон Пакомак и со тие средства ќе биде менаџиран Вашиот отпад. Пакомак како непрофитна компанија нема никаква добивка од средствата што Вие ги плаќате. -
Бесплатна лиценца Green Dot
Од 1.1.2012 сите компании-производители/увозници имаат обврска на пакувањето на своите производи да имаат знак за припадност кон некој систем за справување со отпад.
Како клиент на системот на Пакомак - член на интернационалната мрежа ProEurope, Вие бесплатно ќе го добиете знакот Green Dot. Со тоа Вашата компанија ќе биде означена како компанија што ги почитува еколошките стандарди дефинирани со Законот и според директивите на ЕУ.
Со цел Македонија да се приклучи кон другиот дел од светот, кој долго и успешно се бори со овој проблем, Ве покануваме да ни ја дадете својата доверба и поддршка.
ОБВРСКИ
Според законот, Вашата компанија има обврска да доставува месечни извештаи подготвени врз основа на производствените спецификации и извештајот на продажба за тој месец.
-
Производствени спецификации
- Информации за количината на генериран отпад од пакување по производ/артикал. -
Месечни извештаи
- Информации за вкупните вредности на пуштениот отпад од пакување на пазарот во Македонија за сите производи. Извештајот се доставува до 15-ти во месецот, за претходниот месец.
При тоа, во случај на ревизија од страна на Министерството за животна средина и
просторно планирање, вие одговарате за точноста на доставените податоци до Пакомак.
За детално објаснување како се пополнуваат производните спецификации и месечните
извештаи, погледнете го документот на следниот линк:
Превземи во ПДФ формат
Според законот, од 1.1. 2012 сите производители и увозници ќе мора да имаат на амбалажата
знак за типот на амбалажа - хартија, стакло, пластика, метал, дрво или композитен
материјал. Погледнете ги знаците на следниот линк:
Превземи
во ПДФ формат
За полесно препознавање и класифицирање на амбалажата, разгледајте ја поделбата
на различните типови амбалажа на следниот линк:
Превземи во ПДФ формат
Покрај знак за типот на амбалажа, производителите и увозниците задолжително ќе треба да имаат и знак за припадност кон некој систем за управување со отпадот. Членовите на системот на Пакомак го добиваат Green Dot знакот.
КОМПАНИИ - ЧЛЕНКИ
- Пивара Скопје АД - Скопје
- Прилепска пиварница АД - Прилеп
- Витаминка АД - Прилеп
- Пелистерка ДОО - Скопје
- Магрони ДОО - Скопје
- Кодинг ДООЕЛ - Кавадарци
- Кожуфчанка ДОО - Кавадарци
- Вивакс ДООЕЛ - Скопје
- Благој Ѓорев АД - Велес
- ВВ Тиквеш АД - Скопје
- ВВ Стоби АД
- И уште над 300 компании
ВИСИНА НА НАДОМЕСТОЦИ
-
Хартија/Картон 23,40 ЕУР/тон -
Пластика 29,70 ЕУР/тон -
Стакло 35,20 ЕУР/тон -
Останат метал 29,70 ЕУР/тон -
Алуминиум 29,70 ЕУР/тон -
Композитни материјали 28,60 ЕУР/тон -
Дрво 25,70 ЕУР/тон
-
Хартија/Картон 24.50 ЕУР/тон -
Пластика 32.00 ЕУР/тон -
Стакло 37.00 ЕУР/тон -
Останат метал 31.00 ЕУР/тон -
Алуминиум 37.00 ЕУР/тон -
Композитни материјали 31.00 ЕУР/тон -
Дрво 25.70 ЕУР/тон