2013
ПРВОАПРИЛСКИ ЕКОМАСКЕНБАЛ ВО РАМСТОР ЦЕНТАРОТ |
„Рециклираме и се маскираме“ беше темата на првиот екомаскенбал што го организираа трговскиот центар Рамстор и Пакомак. Младите креативци од градинките и основните училишта од Скопје, потпирајќи се на својата детска фантазија и умешност, изработија иновативни и интересни маски од рециклирани материјали. За нивните оригинални дела децата искористија амбалажи од сокови, млека, кутии за колачи, празни шишиња, лименки, картонски кутии и слични материјали. Преку овој настан, кој се одржа симболично на Денот на шегата, Пакомак покажа дека зачувувањето на животната средина преку рециклирањето може да биде креативно и забавно хоби. Секако, пораката не беше ограничена само на најмладите, маските на дечињата во Рамстор послужија како одличен пример и за возрасните. На крајот од маскенбалот стручната жири комисија, составена од претставник од Рамстор, Пакомак и ликовен педагог, ги прогласи најоригиналните и најиновативни екомаски кои беа наградени со велосипед, ролерки и скирол. |
ЕКОПРОМОЦИИ ВО ВЕРО |
Во текот на месец април под мотото „Плус за тебе, плус за природата”, Пакомак правеше викенд-промоции во супермаркетите Веро во Аеродром, Чаир и Тафталиџе. Сите купувачи на Веро, со донесени 3 празни пластични шишиња, имаа можност да подигнат интересни подароци од компаниите-членки на Пакомак кои се вклучија во овој „зелен” проект. Покрај промоција на важноста на селектирањето и рециклирањето на отпадот, оваа акција беше и промоција на клиентите на Пакомак како општествено-одговорни компании кои се грижат за природата. Купувачите имаа можност да се запознаат со нивните прозиводи, да ги купат и во замена за празните амбалажи – да добијат подарок. За време на овие промоции беа собрани над 12.600 пластични шишиња и беа поделени повеќе од 4.200 подароци. |
ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР СО КАПИТАЛ |
Пакомак, во соработка со весникот Капитал и маркетинг агенцијата Публицис, организираше чистење на кејот на реката Вардар. Вработените во трите компании зедоа активно учество за отстранување на отпадот од хартија и пластика на кејот на реката Вардар и тоа на потегот од кај Владата на Р.Македонија до Градскиот парк . |
ПАКОМАК ДЕЛ ОД FASHION WEEK 2013 |
Седмото издание на модната недела во Скопје, под мотото „Минато, сегашност, иднина – секогаш е време за мода”, траеше од 1-14 април. Водејќи се од ова мото, Пакомак ги потсети присутните гости дека исто како што модата се „рециклира”, така и амбалажата што има минато, може да има иднина. Посочувајќи им дека рециклирањето е задолжителен моден тренд оваа сезона, Пакомак ја пренесе пораката дека и старото пластично шише може да биде нов чадор, исто онака како што и старите парчиња гардероба може да бидат „ин” после многу години. |
НАСТАН: „ЅВОНИ ЗА ЗАБАВА!” |
Агенцијата „Кликер маркетинг“, поддржана од Пакомак, во април ја организираше првата предматурска забава на отворено - „Ѕвони за забава!”. Идните матуранти во градскиот парк се забавуваа заедно со најпопуларните македонски пејачи, диџеи и јавни личности. Истовремено, на настанот тие добија и информации за изборот што факултетите им го нудат за продолжување на нивното образование. Пакомак, како општествено-одговорна компанија, ја искористи оваа можност да им се обрати на младите и да им ги пренесе своите екопораки. На настанот беа поставени и канти за селектирано фрлање на отпадот и младите директно беа поттикнати да го селектираат и рециклираат својот отпад. |
ГРИН ДОТ ПРОМОЦИИ ВО ВЕРО |
Грин Дот е ексклузивна лиценца на Пакомак за Македонија која клиентите бесплатно ја добиваат со вклучување во нивниот систем. Во мај оваа година, Пакомак започна акција за промоција на знакот Грин Дот како знак што се грижи за природата, но и на компаниите кои што го поседуваат истиот. На купувачите во Веро во Тафталиџе, Аеродром и Центар им беше дадена задача да трагаат по знакот Грин Дот на производите во супермаркетите. Со 5 купени производи од клиентите на Пакомак, заштитени со знакот Грин Дот, купувачите добиваа интересни подароци. Поттикнувајќи ја продажбата на производите на клиентите на Пакомак, успеавме да поделиме подароци на повеќе од 1.200 купувачи кои што купија производи со Грин Дот логото. Истовремено, клиентите на Пакомак беа промовирани како општествено-одговорни компании, а на купувачите во Веро им беше потенцирана важноста за грижата кон природата. |
ПАКОМАК СО ЕКОАКЦИЈА ВО УЧИЛИШТАТА |
Акцијата на Пакомак во училиштата која траеше до крајот на учебната 2012/2013 година и која ќе продолжи и во наредната учебна година, заврши со доделување на награди за најеколошките училишта. Учениците од општините Гази Баба, Карпош и Кисела Вода кои цела година собираа пластични шишиња во замена за течен сапун, беа наградени за нивната успешна екоакција со спортски реквизити, карти за кино, Зоолошка градина и други интересни награди за децата. Во општината Кисела Вода беа наградени учениците од III и VII одделение од училиштата „Круме Кепески” и „Кузман Шапкарев”. Во општината Гази Баба беа наградени учениците од училиштата „Крум Тошев” и „Крсте Мисирков”. Во Карпош, пак, беа наградени учениците од „Вера Циривири Трена” и „Петар Поп Арсов”. Дополнително, заради успешната соработка со Пакомак, беа наградени и учениците од основното училиште „Песталоци”. |
ФЕЈСБУК АКТИВАЦИЈА НА ПАКОМАК |
Следејќи ги новите трендови, Пакомак започна со активација на социјалните медиуми за да биде поблиску до јавноста. Од отварањето на Фејсбук страницата во мај, па сè до денес, Пакомак собра 22,500 фанови на кои директно им се обраќа секој ден, промовирајќи им ја важноста од селектирањето и рециклирањето на отпадот
Во моментов во тек е натпреварот „Најдобра креација од амбалажен отпад“ во кој
Facebook фановите ги испраќаат своите најдобри екокреации и се борат за една
од следните награди:
Плановите на Пакомак се да продолжат да ја градат базата на фанови на Фејсбук и да останат во секојдневна интеракција со нив, делејќи им екосовети на своите фанови со една единствена цел – да ја подигнат нивната еколошка свест. |
ЗООЛОШКА СТАНА ЕКОЛОШКА СО ПОМОШ НА ПАКОМАК |
Пакомак започна долгорочна соработка со Зоолошката градина чија цел ќе биде збогатување и обнова на живеалиштата на животните. Во мај посетителите на Зоолошка градина беа повикани да соберат 1000 пластични шишиња во специјалниот контејнер дониран од Пакомак, а по исполнувањето на оваа цел - Пакомак ќе донира лулашки за мајмунчињата. По оваа, ќе следуваат уште многу други акции за подобрување на условите во живеалиштата на животните. Како општествено-одговорни компании, мисијата на Зоолошката градина и Пакомак е да ја подигнат свеста во јавноста за важноста на селектирање и рециклирање на отпадот и дека оваа акција ќе ги поттикне посетителите да рециклираат и дома. Целта на двете компании не е само чиста Зоолошка, туку и чисто Скопје за сите нас. |
ПОДДРШКА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ НАСТАН „ПРВ ДО ВРВ” |
По повод вториот роденден на Жичарницата на Водно, на 1 јуни се одржа спортско – рекреативниот настан „Прв до врв“ на кој му се приклучи и Пакомак. Првиот дел од настанот беше натпреварувачки, односно се одржаа трки во качување и велосипедска трка, додека вториот дел имаше забавен карактер и посетителите имаа можност да се забавуваат со DJ сет од Антена5 радио и со настапите на познатите македонски музички ѕвезди. Пакомак им подели водички за освежување на присутните, но и се погрижи тие да се фрлат на соодветното место, поставувајќи канти за пластични отпадоци на Средно Водно. Со оваа акција Пакомак на повеќе од 1.000 посетители на Водно им ја пренесе пораката дека сите заедно треба да ја чуваме природата доколку сакаме да уживаме во чистото зеленило кога спортуваме и се рекреираме таму. |
АТЛАНТИК ГРУПА СО СВОЈ ПРИДОНЕС ВО ГОЛЕМАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА ПАКОМАК |
Компанијата Атлантик Група накратко се приклучи на тековната еколошка акција на Пакомак, Радио Бубамара и скопските општини и ги награди со свои производи одделенијата кои биле најуспешни досега во собирањето на пластична амбалажа. Имено, според податоците, одделението 1а од училиштето Јан Амос Коменски и 71 и 13 од основното училиште Песталоци се оние кои досега покажале најголем интерес и служат за пример во еколошката акција собирајќи големи количини пластичен отпад, за што и добија интересни награди – пакети со различни производи од Атлантик Група. Потоа, од искористените амбалажи децата ќе се поттикнат да создадат интересни и креативни уметнички дела, а можат да користат и друг вид на амбалажа- пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, кутии, опаковки и сл. Целта на оваа активност е да се разбуди креативноста и фантазијата кај дечињата и да ги инспирира да создадат уникатни уметнички творби, со што ќе и дадат една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот. |
ПАКОМАК ДЕЛ ОД ФУДБАЛСКИОТ КУП НА COCA-COLA |
Втора година по ред Пакомак е дел од фудбалскиот куп Coca-Cola со поставување на канти за селективно собирање на отпадот од водите и сокчињата со кои што се освежуваа натпреварувачите. Исто така, во пракса можевме да видиме како транспортната амбалажа, односно гајбите од пијалаците може да се искористат и за друга намена - обележување на игралиштето. Настанот го организираа Пивара Скопје АД, Coca-Cola и организацијата „Отворени забавни фудбалски школи“, а финалните натпревари беа одиграни на стадионот на Работнички во Градски парк пред бројната публика. На финалето му претходеа натпревари одиграни во изминатиот месец во кои учество земаа повеќе од 1.000 момчиња и девојчиња од 90 основни и средни училишта од 10 општини во Македонија. Основната цел на проектот беше активно вклучување и практикување физички активности од страна на децата преку забава и дружење, како и создавање навики за здрав живот и спортски дух уште од школските денови. Истовремено, со активностите на Пакомак, на сите учесници и посетители им беше пренесена пораката за важноста од селектирањето и рециклирањето на отпадот, како и неопходноста сите заедно да се грижиме за животната средина. |
ПАКОМАК НА SKOPJE STREET FESTIVAL |
Дводневниот фестивал „Skopje Street Festival“ се одржа на 7 и 8 јуни во Градскиот парк во Скопје со цел да ја подигне свеста за мултиетничката толеранција на улиците во градот. Урбаното движење ги поврза младите на повеќе подиуми: графити, скејт, блејд, бајк, музички и едукативен. Организаторите на фестивалот беа задолжени за подигнување на уличната култура, а Пакомак за младите постави канти за селектирање на отпадот за да ги потсети на нивната екокултура и важноста за грижата кон животната средина. |
ПАКОМАК ДЕЛ ОД КАПИТАЛ АКАДЕМИЈА |
Капитал Медиа Гроуп во 2011 година го стартуваше својот проект - Капитал Академија. Проектот е фокусиран на организирање големи деловни конференции, бизнис-форуми, обуки и работилници за поголемо знаење. Во месец јуни, на конференциите на Капитал Академија, Пакомак на присутните компании, менаџери, претприемачи, аналитичари и останати гости им подели екоторби со пораката „Зелената борба започнува со оваа торба“. Со неа, Пакомак на посетителите им ја потенцираше важноста за грижата кон животната средина. Пластичните кеси кои завршуваат на депониите ги загадуваат почвата, воздухот и водата, а платнените торби се одлично еколошко решение кое сега може да биде дел од секојдневието на гостите присутни на Капитал Академија. |
SOUND OF GREEN - ЕКОФЕСТИВАЛ ОРГАНИЗИРАН ОД ПАКОМАК |
На 25 јуни во клубот Хавана се оддржа екофестивалот Sound of Green, организиран од Пакомак. Целта на фестивалот беше подигнување на еколошката свет кај младите, па влезници за фестивалот не се продаваа, туку се добиваа во замена за 3 празни пластични шишиња од која било големина. Беа поделени повеќе од 1 500 карти, односно собрани 4 500 шишиња. Под мотото „Биди рециклајзер” настапија најдобрите македонски бендови: String Forces, Новиот почеток, Foolish Green и Conquering lion. Бројната публика присутна во клубот Хавана со „влезниците” помогна да се исчисти Скопје од пластика, а Пакомак за нив го „извалка” градот со добра музика. |
ПАКОМАК ГИ ПОДДРЖА ПЛАНИНАРИТЕ |
Планинарите и вљубениците во планинските убавини, организирани од ПК „Македон“, на 22 и 23 јуни се движеа во срцето на Националниот Парк Маврово – до селото Беличица. Оттаму, првиот ден тие продолжија кон Сенечкото езерце во прегратките на Езерски Врв (2.014 м.н.в.), додека вториот ден беше наменет за искачување до врвот Меденица (2.163 м.н.в Пакомак го поддржа овој настан со делење на водички за планинарите, како и кеси во кои тие го собираа својот отпад, помагајќи им зад себе да ја остават чиста недопрената планинска убавина. |
ОДБОЈКАРИТЕ ИГРАА ОСВЕЖУВАНИ ОД ПАКОМАК |
Пакомак го поддржа турнирот во одбојка кој се оддржа од 19.6 до 27.6.2013 година, организиран од страна на Град Скопје во соработка со Училишниот спорт на средни училишта во Скопје. Турнирот се одигра на одбојкарските игралишта на песок при Градска Плажа „Камен Мост“ и „Парк“. Учесници во овој настан беа вработените во средните училишта, јавните претпријатија и градската администрација на Град Скопје. Пакомак обезбеди освежување за учесниците на турнирот, а пластичните шишиња потоа беа фрлени во корпите за селективно собирање на отпад и понатаму рециклирани. |
ПАКОМАК ДЕЛ ОД REVOLUTION FESTIVAL |
На 28 и 29 јуни во Куманово се одржа Revolution festival на кој настапија најдобрите алтернативни рок и хип-хоп групи и диџеи од земјата и странство. На фестивалот настапуваа: Bad copy, Skyrise, Нокаут, Foolish green, Подземан ефект, Autmind, Fflooder, Гоце Саф, Peppermint, Goddamn, Гоце Саф и уште многу други. Фестивалот се одржа на Спомен Костурницата во Куманово и Пакомак го обезбеди просторот со канти за селектирано фрлање на отпадот. По фестивалот, собраниот отпад беше однесен на рециклирање. |
ПАКОМАК ПРИСУТЕН НА КОНЦЕРТОТ НА ГРАДИНКИТЕ |
Градинката „Корчагин“, како единствена Скопска градинка која е носител на Интернационалното признание за еколошка едукација на децата „ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ“, подржана од ОХО, промовираше музичко ЦД со детски песни кои имаат содржина со еколошка тематика. На промоцијата на ЦД-то беше организиран концерт на кој децата ги пееја хитовите, а нивните другарчиња од градинката „Корчагин“ имаа подготвено соодветна кореографија. Пакомак на дечињата им подели водички, а по концертот постави соодветни канти каде можеа да ги фрлат пластичните шишиња и на тој начин да помогнат истите да се рециклираат, наместо да завршат на депониите. |
ЗАВРШЕН НАСТАН НА ОУ „ДУДИН” ЗА УЧИЛИШНИОТ ЕКОПРОЕКТ |
Пакомак, заедно со Шпаркасе Банка, организираше завршен настан во винаријата Дудин, со цел официјално да се означи крајот на еколошката акција за оваа учебна година во основните училишта. На настанот, беа доделени главните награди за најуспешното училиште од секоја општина во проектот „Собираме амбалажа пластична, за околина чиста и фантастична“, кој изминатите неколку месеци Пакомак го реализираше во соработка со општините Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и основното училиште Песталоци. Во знак на благодарност за успешната соработка и посветеноста кон кампањата, Пакомак и Шпаркасе за директорите на основните училишта од овие општини, одговорните наставници за проектот и претставници од општините, организираше еднодневна посета на винаријата Дудин, каде присутните имаа можност за дружба, разгледување на винаријата и дегустација на вино и вкусна храна. Еколошкиот проект беше реализиран во над 30 училишта, во кои учат повеќе од 20 000 ученици, а целта беше создавање на здрави еколошки навики кај децата, обезбедување почиста околина и подобрување на хигиенските услови во училиштата. Во секое училиште беше поставен означен контејнер и канти за пластика, што учениците требаше редовно да го полнат со пластични шишиња, а Пакомак во текот на целата учебна година им возврати со донација на течен сапун, хигиенски средства и спортски реквизити и други подароци за најдобрите одделенија и поединци. Партиципацијата на децата во оваа еколошка кампања беше фантастична и беа собрани над 850 000 шишиња пластичен отпад, или околу 26 000 килограми пластична амбалажа. Оваа одлична акција ќе продолжи и наредната учебна година со надеж дека децата повторно ќе учествуваат со истиот ентузијазам, а соработката понатаму ќе се проширува и со другите општини во Скопје, но и со другите градови на државата. |
ИНВЕСТИЦИИ ВО КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА |
И во 2013 Пакомак продолжи со инвестии во комуналната инфраструктура и за таа цел постави контејнери за селектирано одлагање на отпад во неколку општини. Во Охрид беа поставени 5 контејнери за хартија кои ќе му овозможат на населнението да ја селектираат старата хартија. Во с.Долнени Пакомак постави 10 контејнери за пластика. А поради одличниот одзив на граѓаните во Крушево за селектирање на отпадот, покрај контејнерите поставени минатата година, Пакомак постави уште 10 нови контејнери за селектирање на пластика, со цел да го направи селектирањето и рециклирањето на отпадот што е можно подостапно |