Почитувани,

Ве информираме дека Управата за животна средина го одобри нашиот Годишен извештај за 2014 година, со што сите наши членови, преку ПАКОМАК ги исполнија националните цели за 2014 година утврдени со Законот за управување со пакување и отпад од пакување (ЗУПОП) и се усогласени со законот. Во прилог го имате Одобрувањето на Годишниот извештај од страна на Управата за животна средина.

Како и изминатите три, за ПАКОМАК и оваа 2014 беше уште една успешна година. ПАКОМАК е водечка компанија во управување со амбалажен отпад со над 780 членови, и професионален однос посветен на вистинска имплементација на овој еколошки закон, со континуирани инвестиции во инфраструктура, собирање на отпадот и едукација на населението. Не е случајно што четврта година по ред од имплементацијата на ЗУПОП, ПАКОМАК добива позитивно мислење од државните органи , без ниту една забелешка во однос на нашето работење.

Ви благодариме што во 2014 година бевте дел од ПАКОМАК и придонесовте за нашето и Ваше успешно работење. Веруваме дека и оваа 2015 година ќе бидеме дел од ист тим и ќе ги исполниме успешно целите кои си ги поставивме за оваа 2015 година. Минатата 2014 год. собравме и рециклиравме 11.488 тони амбалажен отпад, а во оваа 2015 година планираме да собереме и рециклираме над 14.500 тони амбалажен отпад, цц. 26% повеќе од минатата година. Тоа е можно да го направиме само со Ваше учество во ПАКОМАК, како општествено- одговорни и еколошко-свесни компании.

Остануваме и понатаму заедно со Вас, како сигурен и професионален сервис за Вашиот амбалажен отпад.



Пакомак